Милица Тодоровиќ откри како успеала да ослабе без диета: Немам време за тренинзи и се опуштам

Пејачката се здебели за време на короната бидејќи стресниот живот и трчањето од настап до настап го замени со сосема поинаков ритам.

Пејачката Милица Тодоровиќ е доказ дека на згодна жена сè ѝ стои добро, па дури и кога има некој килограм вишок.

Пејачката за време на короната се здебели бидејќи стресниот живот и трчањето од настап до настап го замени со сосема поинаков ритам, без брзање и со многу слободно време.

Опуштеноста си го направи своето и пејачката која отсекогаш била слаба се здебели . Кога објави фотографии во костим за капење на Инстаграм, на многумина им беше јасно дека Милица сериозно почна да работи на својот изглед. Стомачните мускули ѝ се оцртани, нозете затегнати, а линијата беспрекорна. Многумина мислат дека Милица не излегува од теретана, но ситуацијата е малку поинаква.


- Во моментов не тренирам бидејќи летото ми е навистина напорно и „живеам на тркала“ и немам време за тренинзи, но пред почетокот на летната турнеја имав личен тренер и работев надвор со него - изјави Милица која побарала помош од нутриционист во врска со исхраната.

- Што се однесува до исхраната, веќе неколку години сум кај нутриционист. Малку „забушавам“ и се опуштам, но брзо се враќам на режимот - изјави Милица и откри дека нејзината беспрекорна фигура сепак се должи на добриот метаболизам, пишува „Лепа и среќна“.


Извор: www.telegraf.rs