Малата Миа прооде: Марко ја чека, а Луна не се одвојува од неа додека оди накај тато (ВИДЕО)

Луна и Марко се исклучително горди на својата ќерка

Победничката на „Задруга 2“, Луна Џогани и нејзиниот партнер Марко Миљковиќ споделија емотивен момент со нивната ќерка Миа Миљковиќ.

Имено, малата Миа прооде, а тие го обележаа тој момент со видео на нивниот канал на „Јутјуб“ и ги воодушевија сите.

Марко ѝ довикува на ќерката која оди накај него, додека Луна се грижи малата Миа да не падне. Гордите родители не ја симнаа насмевката од лицето, а среќата ја споделија со своите следбеници.

„Нека е со среќа и секогаш нека чекори по чекорите на среќата, честитки за родителите“, „Колку сте среќни“, „Браво за малата убавица“, се само дел од коментарите.


Да потсетиме, Луна и Марко пред неколку дена го прославија првиот роденден на Миа со бајковита прослава, во кругот на семејството и пријателите.

Извор: www.telegraf.rs