Кожата е хит оваа есен: Две парчиња облека кои мора да ги имате во плакарот

Крајот на октомври и почетокот на ноември е всушност вистинското време за нова сезона во нашите плакари. Купувањето на новата облека за ладните денови, кои се на самиот праг, е неминовна активност на секоја жена. 

Како и секоја сезона, така и оваа има одредено парче облека кое е апсолутен хит, а за есента дефитивно тоа се кожните парчиња облека. Без разлика дали се од вистинска или пак еко - кожа, нема да погрешите доколку во вашата комбинација вклучите некое кожно парче облека или пак аксесоар. 

Доколку се уште немате купено кожно парче, ви предлагаме неколку комбинации кои веднаш ќе ве поттикнат да заминете на шопинг.

Кожното здолниште секогаш е лесно да се искомбинира. Овој пат се одлучивме за секојдневна комбинација, со џемпер со везени цветни мотиви, кој ќе ја разбие црната боја која доминира во оваа комбинација.

Втората комбинација која ја искомбиниравме е дефинитивно измислена за оние кои имаат канцелариска работа. Кожните панталони, во комбинација со бела кошула со црни точки, се едноставен и брз избор за утрата кога доцните на работа.

Доколку ви се допадна нашиот избор и сакате некое од овие парчиња да биде ваше, упатете се на веб страната на Fashion Group Македонија или пак во нивните продажни места.