KOРОНАВИРУСОТ „КОСИ“: Дали Македонците се плашат да нарачуваат од Али експрес?

Ако се суди според податоците добиени од македонските пошти, кај граѓаните не постои страв да нарачуваат облека и други производи од Кина.

Откако корона вирусот е топ тема во светот, тие не забележале пад на нарачките од Али експрес, кои се доставуваат до граѓаните.

„Во изминатиот период не е забележана тенденција на намалување на пристигнати пратки од Али експрес и според вообичената динамика се доставуваат и се подигнувааат пратките од страна на нашите корисници. Од Светскиот поштенски сојуз и надлежното Министерство за здравство немаме добиено информација за понатамошно постапување заради коронавирусот“, информираат од Пошта на Северна Македонија. 

Граѓаните на оваа тема се со поделени мислења. Некои се плашат, а други не.

Што велат граѓаните прочитајте на Фактор.мк