Клиниката за психијатрија започнува со телефонско психолошка поддршка на граѓани и ранливи групи

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција ја извести јавноста за најновата состојба со коронавирусот. „Нема ново дијагностицирани лица со коронавирус во земјата, првата дијагностицирана пациентка е испишана, во сосема добра клиничка слика, таа е упатена на домашно лекување,  непроменета е и состојбата на останатите 18 пацинети, стабилна е и пациентката која е ставена на респираторна машина“ , истакна Филипче.

Исто така, министерот објави дека Клиниката за психијатрија започнува со телефонско психолошка поддршка на граѓани и ранливи групи. Телефоните на коишто ќе можат да се јават и да добијат психолошка поддршка родителите на деца од предучилишна и училишна возраст, возрасните лица во самоизолација и граѓани од општините Дебар и Центар Жупа се овие: