Класично парче кое смалува два броја: Северина ја има најубавата пролетна комбинација

Се чини дека кожата повторно е актуелна. Од кожени јакни во различни модели и бои, до оние многу обожаваните кожени панталони, нема да има кој да им одолее оваа пролет.

Убавата пејачка Северина Вучковиќ реши уште еднаш да го покаже својот совршен моден стил и со класичниот модел на панталони кои никогаш не излегуваат од мода, повторно ги воодушевува сите.

Северина овој пат отиде чекор понатаму и наместо класични црни кожени панталони облече црвени панталони со модерен рамен крој. Тие се ефективни, модерни, практични и изгледаат моќно.


Овие панталони се додворувачко парче облека што можете лесно да го комбинирате, исто како класичните црни панталони. Но, сепак мора да признаете дека делуваат по „полуксузно“.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)



Тие визуелно даваат изглед на цврсти и затегнати нозе, што ќе ви овозможат да ја истакнете вашата витка линија и сексипилност. Подеднакво им одговараат и на високите и на ниските девојки, се носат и во зимски и во летни месеци.

Најдобро се комбинираат со високи потпетици или полудлабоки чизми. Северина овој пат ги комбинираше со едноставни бели сандали на високи потпетици.

Познатите дами често избираат тесни модели на кожени панталони, но минатата година креаторите претставија и широка верзија која шармираше многумина.


Со нив Северина искомбинира црна маичка со принт и малку необична мрежа одоздола, која ѝ даде секси изглед.

Северина изгледа секогаш е во чекор со времето, а сега отиде чекор понапред од сите други и покажа што секоја жена ќе мора да има во својот гардеробер оваа сезона.


ФОТО: Инстаграм