Карлос го нема, но музиката мора да продолжи: Емотивен концерт на „Ил диво“ во Скопје, посветен на покојниот пријател

„Алелуја“ од Леонард Коен, светската вокална атракција „Ил диво“ на сцената на Арената: Дејвид, Себастијен и Урс, и едно празно,  осветлено столче за Карлос.

„Ил диво“ за првпат беа во Скопје на концерт, кој му го посветија на нивниот за жал покоен член, Карлос Марин, кој почина на крајот од минатата година, поради компликации со Ковид 19.

-Сакаме да запееме со Карлос, уште еден последен пат“, рече Американецот Дејвид Милер, и во „Алелуја“, слушнавме снимка од гласот на Карлос усогласен со пеењето на триото. Ова беше најемотивниот момент на концертот, заедно со крајот, кога членовите на групата на бис ја поздравија публиката држејќи го македонското знаме.

Карлос по 17 години веќе не е меѓу нив. Мислејќи се што да прават по неговата загуба, решиле да продолжат во името на музиката. „Добивме толку многу ваши пораки со поддршка да продолжиме понатаму. Карлос го нема, но музиката мора да продолжи“, рекоа членовите на „Ил диво“, и на сцената го претставија новиот член, американскиот оперски баритон, Стивен Лабри кој е одличен вокал. И покрај шегите дека е доста помлад од останатите членови на бендот и музиката кои тие ја сакаат, ја сакале неговите родители, Стивен одлично се вклопил во триото.

А целиот концерт беше магија. Од светските хитови како „I Will Always Love You“, „Hero“, која ѝја посветија на сите медицински лица, „My Girl“, до нивната авторска музика, светлото, македонскиот оркестар кој ги следеше, нивните топли и прекрасни гласови.

„Ил диво“ за првпат беа во Скопје, а убаво би било да дојдат пак, зашто концертот како да помина за час. Вакво нешто треба одново да се доживее, или за првпат да се доживее, за оние кои не беа.

Карлос бил заслужен за многу нешта во бендот. Затоа што инсистирал да ја одржат првата турнеја уште по вториот аалбум која била многу успешна. Затоа што бил упорен да се вклучат и танчари на сцената, а со една од тие убави танчарки, Швајцарецот Урс Билер се оженил во 2016 година, и вљубени се и денес. Заслужен е и што Французинот Себајстијен Изамбар дошол во групата, откако Карлос го поканил на интерна судиција, а го преслушал како пее само на телефон.

На крајот од концертот, заигра целата публика, и среќни и задоволни лица ја напуштаа салата. Концерот го организираше “Прагма“ продукција.

Милица Џаровска

Фото: Вангел Тануровски 

Галерија