Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Некогаш детскиот живот се одвиваше надвор, во двор, пред зграда, на уличка. Се повикувавме од под прозор, на врата или договор по фиксен телефон, а најчесто договорот беше од претходниот ден.

А договор за игра секогаш имаше, единствено што недостигаше беше време да се донаиграме. И игри имаше многу. Постоеја многу интересни игри кои со задоволство сме ги играле, во секое време.

Неизбежна беше играта криенка, колку само бевме инвентивни во потрага по место за криење. Народна беше игра што не може да ја надмине детската врева, две екипи, топка и поле поделено на пола. Бескрајни часови бегање од топката или задржување во рака.

Улиците низ маалата, насекаде, секоја асфалтна површина беа исцртани со играта плочка, најчестата детска игра што и денес најмногу ги буди спомените. Се играше секаде, во школо, пред зграда, во парк, се движиш по тротоар и наидуваш на шемата за плочка и инстиктивно те тера да потскокнеш, 1, 2, 3, рашири, 6, рашири, центар и продолжуваш понатаму. И денес кога ќе наидам на нацртана плочка, се предизвикувам да ја изиграм.

Едни од игрите на нашето детство беа и џамија, џамлии, долга магарица и ластик, што е игра што бараше скоро атлетски вештини да се изиграат некои вежби. А најхрабрите или најплашливите играа вистина или предизвик, игра што заради големите предизвици наспроти храброста на поединци, скоро секогаш ги будеше страстите и неминовно завршуваше со „јас не играм веќе, си одам дома“.

Има уште многу игри со кои растевме и со кои бевме деца. Тогаш немавме ни фејсбук, ни јутјуб, ни смартфони, ни лаптопи, и сета технологија што нѐ затвора дома. Тогаш имавме улици полни со игри. Каде отиде нашето детство, можеме ли да го разбудиме детето во нас, да бидеме дете барем на момент и да им го пренесеме тоа на нашите деца.

Потребен ни е само мал поттик, како чоколадното млеко Моја кравица,  со богат чоколаден млечен вкус, што сигурно ве враќа во детските денови и е идеално за моменти на релаксација, за најмалите, во замена за десерт или за возрасните, како награда по напорниот ден.