Како се запознале Нина Сеничар и Џеј Елис? Со години живеат како во бајка, а се започнало така едноставно...

Една од најубавите Србинки неодамна се појави на страниците на познатиот „Вог“, откако се омажи за еден од најпопуларните американски актери во моментов. Кој е Џеј Елис, сопругот на Нина Сеничар и како се запознал овој пар?

Локалните медиуми неодамна објавија дека српската манекенка, актерка и водителка Нина Сеничар (36) му кажала „да“ на американскиот актер Џеј Елис (40).

Набрзо стигна потврда - и од самата двојка, која на Инстаграм ја сподели истата убава заедничка фотографија од свадбата, и од страниците на „модната библија“, познатиот магазин „Вог“, кој детално пишуваше за венчавката на убавата Србинка и американскиот актер.


Двојката си вети вечна љубов во Тоскана, во величествениот имот Вила Мангјакане, опкружен со лозја и маслинови градини во малиот град Сан Касано. Како што истакнаа, со години планирале венчавката да ја организираат во Италија, каде Нина своевремено студирала и работела.

„Отсекогаш знаевме дека ќе се венчаме во Италија бидејќи првпат отидовме таму на заедничко патување“, објаснила Нина за „Вог“.

Парот организираше голема прослава за 190 гости, а меѓу најсреќните беа тие и нивната ќерка Нора која се роди на крајот на 2019 година. Тие пееја, играа, се бакнуваа и славеа, а Нина за „Вог“ откри дека во прославата важно место имала српската ракија.

- На самиот почеток на вечерата ги замолив сите гости да се напијат по една чаша ракија. Станува збор за познат српски пијалак кој ни е традиција стотици години – рече таа.


Но, кој е актерот на кој една од најубавите Србинки му кажа „да“ во венчаница на Долче и Габана специјално направена по нејзина желба, прашуваат многумина.


Актерот Џеј Елис е роден во Јужна Каролина на 27 декември 1981 година, во семејство каде што немало многу уметнички души - неговиот татко работел во американските воздухопловни сили, додека неговата мајка е финансиски директор. Џеј е единец, а како дете сонувал за спортска кариера и напорно вежбал кошарка.

Сепак, се покажало дека тој не е талентиран само во овој спорт, бидејќи на многу млада возраст работел како ПР во кошаркарскиот клуб Портланд Трејл Блејзерс од Орегон, по што бил успешен и во светот на манекенството, а снимал кампањи за некои од најпознатите светски производители на спортска опрема.

Сепак, тој се преселил во Лос Анџелес во 2014 година за да се фокусира на својата актерска кариера. Во светот на актерството е од 2005 година, а веќе се појави во сериите Invasion, Related, Grey's Anatomy, NCIS и How I Met Your Mother.

Првата голема улога ја добил во 2013 година, во серијата The Game, а од 2015 година стана дел од актерската екипа на серијата Insecure, за која доби многу награди. Токму оваа улога беше голема пресвртница во кариерата на новиот српски зет, кој тогаш ја доби најголемата понуда до сега - тој е една од најголемите ѕвезди на продолжението на Топ Ган!

Имено, Џеј Елис во „Топ Ган: Маверик“ игра рамо до рамо со Том Круз, ликот на поручникот Рубен Фич. Тој е еден од најдолгоочекуваните филмови во Холивуд и еден од најголемите хитови оваа година.

Многумина се запрашаа како се споиле згодниот млад човек од Јужна Каролина и насмеаната убавица од Нови Сад, а со приказна открија како се случила нивната прва средба. Сето тоа се случило во 2015 година, набргу откако Џеј се преселил во Лос Анџелес, а парот се запознал во тамошен бар.

Во сè имал замешано прсти нивниот заеднички пријател Тони Мансила, креативен директор на маркетинг агенцијата Savanty, кој ги запознал Нина и Џеј.

Многу брзо се заљубиле и парот започна врска, а беа неразделни и се следеа и поддржуваа во сите ситуации. Нивната љубов беше силна и стабилна, и додека Нина често мораше да остане на европската страна на Атлантскиот океан поради ангажманот во шоуто „Ја сакам Србија“, тие останаа заљубени со цело срце.

Затоа никој не се изненади кога Џеј Елис ја запроси српската убавица на Бали во 2019 година. Истата година парот ја доби ќерката Нора Грејс Елис, која Нина не ја крие и која е нејзината најголема гордост, а поради пандемијата тие мораа неколку пати да ги одложуваат плановите за венчавка.

- Како и сите други во светот, не знаевме колку долго ќе се шири и ќе трае, па моравме да откажеме сè - рече во една прилика Џеј.

На крајот успеаја да кажат „да“ на трет обид, па на поканите за нивната свадба пишуваше и „трета среќа“.

За сè да биде уште поубаво, нивниот пријател Тони Манчила, кој исто така ги запозна во 2015 година, се пријави да го венча парот и токму тој ја предводеше романтичната церемонија на која Нина и Џеј си се ветија засекогаш.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм - Нина сеничар

Апсолутна доминација: Србинката Нина Сеничар на црвениот килим на Оскарите, за првпат во јавност со сопругот