Инспирација на денот: Беира Салифоска, лице со оштетен вид истрча маратон од 10 километри во Солун

Беира Салифоска првата во нашата земја како лице со оштетен вид, кое одбрани дипломска тема напишана на Брајово писмо, истрча 10 километри на маратонот „Александар Велики“ во Солун.

Беки имаше поддршка од Димче Миланон кој воедно е нејзин личен асистент.

Ова е втор маратон за Беира, таа минатат година беше дел од Визер скопскиот маратон.

Беира во интервју изјави дека следен голем предизвик за покрај маратонот е и летање со параглајдер.

Беира како лице со оштетен вид вработена е на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација како физиотерапевт (масер). 

Фото: Фејсбук