Има 140 килограми и самодоверба до плафон: Тврди дека го има секој маж што ќе го посака и открива во што е трикот

Животот често има многу врска со ставот и самодовербата. Можеш да бидеш во лицето и телото како грчките богови, а на љубовен план сепак не ти оди бидејќи - не си сигурна во себе или немаш што друго да понудиш освен убавина. Нека ви биде пример Оливија, која има 140 килограми и верува во себе „до плафон“.

Оливија е позната плус-сајз инфлуенсерка и често истакнува дека може да го има секој маж што ќе го посака. Зошто? Бидејќи има позитивен став кон своето тело и воопшто кон животот, не се срами од своите облини, вишокот килограми и не дозволува никој да и ја разниша самодовербата со каков било коментар, бидејќи знае дека е секси.



„Можеби имам голем задник, но никогаш не сум имала проблем да го украдам било кој маж“, рече Оливија, пред да додаде дека „во ред е луѓето да имаат преференции“, но дека луѓето кои имаат тело слично на нејзиното се исто така заводливи, и поседуваат голема доза на внатрешна убавина и сјајна личност.

Оливија се осврна и на фактот дека многу жени кои не изгледаат според „стандардите за убавина“ и кои се борат со вишокот килограми често немаат храброст да ги соблечат костимите за капење бидејќи се срамат од своето тело.

„Ништо не е толку ослободувачко како кога носите бикини и цел свет се обидува да ве засрами поради тоа“, изјавила инфлуенсерката, чии обожаватели најчесто ѝ велат дека е „убава“.



Колку Оливија има самодоверба покажува и тоа што заработува многу пари од разголувањето на платформата OnlyFans, а оваа информација ја навела за да ги поткрепи нејзините тврдења дека има згодни мажи кои исто така сакаат плус сајз девојки со силна личност. Таа на крајот им кажа на сите дами со килограм плус „да глумат додека не се чувствуваат навистина сигурни во себе“ и „да не дозволуваат несигурностите да ги задржат и да ги спречат да уживаат во животот максимално“.


фото: Инстаграм

Имаме 90+ килограми и пукаме од самодоверба! - Тренд на нормализирање на бујните тела докажува дека бројката на вагата е само бројка

За секоја градба на тело, килажа и за секоја возраст: Култен бренд претстави костими за капење за оваа сезона и гледате докази дека убавината има повеќе лица

Тие не се срамат од своите стомаци и целулит: Славни убавици кои нѐ охрабруваат да ги сакаме сопствените тела! (ФОТО)