„И тогаш сфатив дека таа е моја сродна душа“, откри Хари, а Меган воодушеви со ова парче облека

Фото: screenshot youtube /FULL Interview: Prince Harry and Meghan Markle - BBC News


Ред скандали, ред модни спектакли. Така е во приказните за Меган Маркл и принцот Хари. Па да почнеме со скандалот.

Принцот Хари неодамна одржа говор во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, во кој посочи дека Америка е виновна за колапсот на демократијата и слободата на глобално ниво, што „Дејли мејл“ набрзо го критикуваше и ги потсети сите дека Хари не се снашол добро ниту во Британија, жалејќи се на расизмот во неговата татковина. „Па каде тогаш му одговара?“, прашува една статија на еден британски портал.

Но во неговиот говор имаше и поубави моменти.

„Откако првпат ја посетив Африка на 13-годишна возраст, отсекогаш наоѓав надеж на тој континент, наоѓав мир и исцеление таму повторно и повторно, таму се чувствував најблиску до мајка ми и барав утеха откако таа почина, и таму знаев дека пронајдов сродна душа во мојата сопруга“, рече Хари на Меѓународниот ден во чест на Нелсон Мандела, пренесува „Page Six“.

Меган и Хари ја посетија Африка двапати додека се забавуваа и еднаш по нивната венчавка во Виндзор во 2018-та година. Нивната прва станица на континентот беше во Боцвана каде отидоа набргу откако почнаа да се забавуваат во јули 2016-та година и се вратија во Британија следниот август за да го прослават 36-тиот роденден на Меган Маркл.

Неколку дена по промовирањето на нивниот заеднички профил на Инстаграм во април 2019-та година, Хари и Меган споделија фотографија од нивното второ патување во Боцвана, каде што се приклучија на кампањата за спасување на животните од ловокрадците.


Славната двојка веќе подолго време живее во Санта Барбара по одлуката да ги напушти службените обврски во британското кралско семејство. Тие се појавија синоќа во Њујорк каде уживаа на вечера со пријателите. Хари беше облечен многу лежерно, додека Меган блесна во комбинезон кој е омилен и меѓу жените кај нас бидејќи е и практичен и елегантен.


Извор: zena.blic.rs

*Меган Маркл за одлуката за абортус на Врховниот суд: Се присети на болното искуство и рече: „И Хари е феминист“