Хит видео на Бекам од Јадранот: „Не можам ни кафе да пијам на мир...“

Поранешниот фудбалер ги насмеа своите следбеници со шега за неговата сопруга Викторија.

Дејвид Бекам на својот официјален Инстаграм профил објави кратко видео кое ги насмеа неговите следбеници кои само на оваа платформа имаат над 70 милиони.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид се пошегува на сметка на својата сопруга, пишувајќи дека „не може ни кафе на мир да испие“.

View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)


На видеото може да се види како Бекам одмара во собата, додека Викторија „ѕирка“ одзади додека таа посветено вежба. Очигледно е дека популарната „Спајсица“ го користи секој момент за да ја одржува формата, па не пропушта прилика да вежба ниту на одмор.

Двојката Бекам помина повеќе од една недела на Лопуд, а подоцна заминаа во Италија. Во Хрватска биле сместени во луксузното одморалиште Лопуд1483, а на одмор потрошиле неколку десетици илјади евра со оглед на тоа дека едно ноќевање во луксузно сместување чини 10 илјади евра.


Фото и Видео: Инстаграм

Бекамови пристигнаа на одмор во Хрватска: Уживаат и слават во луксузен комплекс, а за секого имаат само едно барање!