Фотографијата која ја крена Британија на нозе: Дали Меган тајно носи микрофон?

Големо внимание во јавноста предизвика појавата на војвотката од Сасекс Меган Маркл пред замокот Виндзор, каде што ги поздрави насобраните граѓани во друштво на нејзиниот сопруг, принцот од Велс, Вилијам и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон. Конкретно беше коментирана една фотографија. На таа фотка Меган изгледа како да носи микрофон.

Критичарите на Твитер сега теоретизираат дека поранешната актерка имала таен микрофон под фустанот додека ги поздравувала ожалостените по смртта на кралицата Елизабета Втора. Она што корисниците на Твитер го наведуваат како поткрепа на тоа тврдење е дека Меган на фустанот имала набори со квадратна форма.

Некои корисници на Твитер истакнуваат дека Меган носела микрофон за да може да собира материјали за нејзината серија на Нетфликс. Тие ги презентираа своите теории во коментарите.

„Не можам да верувам дека го снима ова. Таа е само злобна и токсична жена", гласи еден коментар. Други рекоа дека се надеваат дека кралот Чарлс III му кажал на Хари дека не може да присуствува на погребот.

„Дали Меган Маркл носи микрофон за да ја искористи смртта на кралицата за нејзиното реално шоу на Нетфликс“, гласи друг коментар.

Некои твитерџии беа на мислење дека тоа би можело да биде последната капка за Меган, доколку таа навистина носи микрофон.


Фотографиите на Меган Маркл направени пред Виндзор беа широко споделени на социјалните мрежи, а местото на нејзиниот фустан кое многумина го оспоруваа беше заокружено и истакнато во црвен круг.

Секако, имаше и такви кои застанаа во одбрана на Меган Маркл. Извор близок до војвотката од Сасекс вели дека теориите кои кружат на Твитер се луди и дека Меган дефинитивно не носи микрофон под фустанот.


Фото: Твитер/Youtube - screenshoot