(ФОТО) Сите ја чекаат Тамара: Сопругот Александар и ќерката Хана пристигнаа на аеродром

Сопругот на Тамара Тодевска заедно со нивната ќерка Хана веќе пристигнаа на скопскиот аеродром, кадешто во секој момент се очекува да пристигне нашата пејачка. 

Таму се и нејзините обожаватели, но и пријатели и роднини, а на аеродромот е поставена и бина на која Тодевска ќе се обрати и ќе ја отпее песната со која на нашата земја ѝ донесе историски пласман на „Евросонг“.