(ФОТО) Каролина во тренди корсет на прославата на “Пепси“

Корсетот е заштитен знак на Каролина Гочева. Во корсет во крем боја, црни панталони и сандали на високи потпетици, Каролина настапи на забавата по повод 40 години на брендот "Пепси". 

Гостите уживаа со поп хитовите на Каролина и хитовите од проектите "Македонско девојче".

"Се вратив од одмор со внуките на кој многу уживав", ни изјави Каролина и додаде дека подготвува нов проект од септември.

М.Џ. Фото: В.Тануровски