(ФОТО) Едноставни фризури што ќе ги обожаваме оваа пролет

Дали веќе приметивте до која мера се застапени машните во понудата на светските брендови кога се во прашање аксесоарите? Станува збор за моден додаток кој може со еден потег да го трансформира целокупниот изглед, но и да го подигне на едно многу повисоко ниво.

Панделката е идеална за сите фризури кои подразбираат долга или полудолга коса, дури и ако истата ви е до рамења. Колку е косата погуста, машната може поубаво да се стилизира. Не само да го заокружи комплетниот стајлинг, туку и да го акцентира изгледот на повисоко стилско ниво.

Значи, се’ што ви е потребно оваа пролет доколку сакате да ја освежите косата е всушност само една машна или барем неколку. 

Во продолжение ви претставуваме три наједноставни и најубави предлози, па одберете си го сами својот фаворит.