(ФОТО) Близнаците на водителот Ненад, копија на тато

Најголемата среќа на водителот Ненад Георгиевски и неговата сопруга Горана се тригодишните близнаци Љупка и Иво. Горана и Ненад објавија фотографија од близнаците која ги разнежи нивните пријатели на социјалните мрежи. 

На третиот роденден на Љупка и на Иво, Ненад за Женски магазин изјави дека времето со синот и со ќерката им летнало, и како вчера да славеле за нивното раѓање.

„ Сега, откако пораснаа, мислам дека е некако полесно. Подобро комуницираме. Веќе знаат да кажат што сакаат. Се трудиме секој момент да го поминеме надвор од дома, на чист воздух. Така е полесно за нас , а и поинтерсно за нив“, ни раскажа Ненад за близнаците кои многу наликуваат на него. Тој и Горана Ненад се трудат рационално да ги поделат домашните обврски и грижата околу близнаците, со оглед дека се и партнери во работата, во заедничката продукција „Хит медиа“. Ненад е ангажиран со емисијата „Нешто се крчка“ на ТВ „21“.