(ФОТО) Би облекле ли венчаница како принцеза од Дизни?

Планирањето на свадба од бајките сега е полесно. Дизни склучи соработка со Allure Bridals за Disney Fairy Tale Weddings Collection, во која има венчаници инспирирани од принцезите на Дизни, вклучително и Ариел од „Малата сирена“; Бел од „Убавицата и ѕверот“ и Тијана од „Принцезата и жабата“. Исто така, ќе бидат претставени и водечките дами од „Пепелашка“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Аладин“ и од бајката „Заспаната убавица“.

 Ариел од „Малата сирена“

Секоја од принцезите ќе имаат по 16 стилови на венчаници. Девет од нив ќе бидат достапни во продавниците низ Америка, со цени од 1.200 до 2.500 долари. Креациите ќе бидат изработени од тул, органза,  чипка и шифон.

Бел од „Убавицата и ѕверот“ 

Престижната стоковна куќа за венчаници „Kleinfeld“ во Њујорк и во Торонто ексклузивно ќе ги понудат останатите седум други стилови на невестински фустани, кои се дел од платинум линијата , за повисоки цени: по 3.500 до 10 000 американски долари. Во соопштението за колекцијата се објаснува дека на овие венчаници ќе бидат прикажани прекрасни сложени детали, како што се кристалното монистрирање и бисерите. На пример, луксузниот изглед на Тијана „ја отелотворува практичноста и креативноста на Тијана во елегантен дизајн на балски фустан, покриен со треперливи винова лоза и цвеќиња “.

Тијана од „Принцезата и жабата“

„Толку многу невести растат восхитувајќи се на нивните омилени принцези од бајките на  Дизни и се инспирирани од нивните патувања, фустани и приказни од класичните филмови“, изјави извршниот директор на Allure Bridals , Кели Крум, за партнерството со Дизни. „Нашиот дизајнерски тим работеше неуморно на секоја од овие неверојатни фустани, бидејќи секој фустан има сложени детали, инспирирани од безвремените ликови познати и сакани од сите нас , како и на нашите невести. Чест ни е што работиме со Дизни на оваа колекција и ја гледаме романтиката за истата. “

Колекцијата ќе биде прикажана за време на претстојната Недела на венчаници во април, во Њујорк, а подоцна и низ специјализираните продавници ширум САД.