(ФОТО) Белото одлично ѝ стои: Елена провокативна во Мајами

Со нови, провокативни фотографии, Елена Ристеска го најави новиот спот, кој е сниман во Мајами. Поп-ѕвездата, објави фотографии на кои позира на плажа.

На фотографиите се гледа дека белата боја одлично ѝ прилега, а според облеката која ја носи Елена ќе има интерсен видео спот. Оваа година, таа два пати беше во САД, каде што договараше настапи и снимаше видео. На претходната посета, таа гостуваше во студиото на македонскиот музичар Дуке Бојаџиев кој живее во Њујорк, и разговараа за заедничка соработка.