(ФОТО) Атрактивната девојка на Кристијано Роналдо, во гламурозен фустан со длабоко деколте и шлиц

Девојката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез не изненади сите со нејзината неверојатна фигура и гламурозен изглед, додека присуствуваше на хуманитарната гала на „ELLE“ во Мадрид во четвртокот.

Шпанскиот модел, доста самоуверено покажа дека знае како да застане на црвениот килим и со својата убавина, блексаво да се претстави на овој настан.

Џорџина беше облечена во кафен фустан, со длабоко деколте и пресек, покажувајќи ги долгите нозе и прекрасните сандали на високи потпетици во боја на шампањ.

Едноставно рамната коса ја украси со драматична шминка, а црвениот маникир дефинитивно ѝ беше стилски погодок.

Дваесет и пет годишната бринета, својот изглед го заклучи со крем чантичка и комплетно може да се каже дека ги придоби сите импресии и погледи од останатите присутни.

Фудбалерот и Џорџина се заедно уште од 2016 година, а пред една година ја добија и својата ќеркичка Алана Мартина.