(ФОТО) 4 стилови на коса погодни за зима

Како да ја шишаме косата?

Косата се третира различно во текот на различни сезони. Во зима, има потреба од повеќе негување и грижа. Зимските фризури и помагаат на косата да се опушти од летните предизвици и да заздрави.

Еве некои од најдобрите стилови на косат погодни за зима и за опуштање на косата:


Боб фризура

Фризурата боб е одлична опција во текот на целата година, но за зима таа е особено погодна. Нема да се грижите дали краевите на вашата коса ќе бидат заплеткани во шалот, јаката на палтото или виткана заради вашата капа. 

Оваа фризура ги решава сите овие проблеми. Боб фризурата е лесна за одржување и не бара посебна употреба на производи за стилизирање што би ја оштетиле косата во зима.


Природни кадрици

Ако имате природни кадрици, оставете ги да ја покажат нивната витална природа. Дозволете им да скокаат слободно цела зима. Употребата на уреди како преси, фен, фигаро е штетно за косата во зима.

Кадравата коса е посува од правата коса и нејзиното дополнително сушење во зима има штетен ефект врз косата во вакви временски услови.


Брановидна коса со шишики

Доколку имате коса која е прекршена и имате шишки вие имате фризура која е целогодишен тренд, но во зима тие се соодветни затоа што полесно се одржуваат.

Во текот на лето, лесно се потиме и може потешко да се одржува.


Пикси фризура

Фризурата Пикси е прекрасна и разиграна. Оваа кратка фризура става крај на сувите краеви во зима, кога временските услови даваат се од себе за да ви ја уништат косата. 


Одржувањето на фризура бара чести шишања за одржување на линијата, а тоа автоматски ја прави косата постојано жива и сјајна.