ЕДИНСТВЕНИТЕ КОИ БЕА ПОКРАЈ КРЕВЕТОТ НА КРАЛИЦАТА! Последните мигови ги помина со неа, никој друг не пристигна!

Откако ја слушнаа веста за лошото здравје на кралицата, неколку членови на кралското семејство побрзаа да бидат со нејзиното височество во нејзините последни моменти, но само Чарлс и Ана беа присутни кога таа почина.

Чарлс и принцезата Ана беа единствените кои пристигнаа да бидат покрај креветот на кралицата додека таа беше жива, додека другите членови на кралското семејство брзаа во Балморал, но за жал не пристигнаа пред нејзината смрт. Блиските роднини, вклучително и принцот Ендру, принцот Едвард, принцот Вилијам и принцот Хари, биле известени за лошата здравствена состојба на кралицата и итно биле префрлени во шкотската палата на кралското семејство, каде што нејзиното височество престојувала последните неколку дена, но не стигнале до замокот на време.

Првата јавна објава за загриженост за здравјето на кралицата дојде нешто по 12:30 часот во четвртокот. Додека социјалните мрежи се полни со шпекулации за крајот на втората елизабетанска ера, престолонаследникот, сегашниот крал Чарлс III, веќе беше во Балморал. Чарлс бил предупреден за медицински проблеми рано во четвртокот и бил префрлен со хеликоптер од неговиот дом во Дамфрис во Ершир, пред да пристигне во Балморал непосредно пред 10.30 часот.


Детали читајте на Фактор тука.