Еден е татко: И покрај болеста, Брус Вилис ја учи малата ќерка да вози ролери (ФОТО)

Светот беше во шок кога Брус Вилис објави дека се повлекува од актерството поради болест.

Брус Вилис е миленик меѓу холивудските актери, па не е чудно што јавноста е разочарана поради неговото предвремено пензионирање.

На познатиот актер му била дијагностицирана афазија, состојба која влијае на неговите когнитивни способности - нарушување што предизвикува оштетување на областа на мозокот што го контролира изразувањето и разбирањето на јазикот, а тоа е предизвикано од некои оштетувања на мозокот, може да биде последица и на тумор на мозокот, инфекција, повреда на главата или разни форми на деменција.

Актерот има многу обожаватели ширум светот, а неговата сопруга Ема редовно објавува убави семејни моменти со него.


Брус Вилис има пет деца и сите тие му се огромна поддршка во тешките денови, заедно со поранешната сопруга Деми Мур.

Со Ема, Брус има две ќерки.

Ема сега објави видео во кое Вилис изгледа среќно и задоволно додека ја учи својата помала ќерка да вози ролери. Споменатото видео наиде на бројни позитивни реакции, а особено радува констатацијата дека познатиот актер се чувствува добро и се уште е во одлична форма. 
А многумина велат дека ова е глетка која боли со оглед на фактот што и покрај неговата состојба, Брус се труди да минува квалитетно време со децата и се обидува да ги учи на нови работи.

Откако ја објави тажната вест, Брус Вилис наиде на поддршка од луѓето ширум светот, многу колеги го бодреа, а меѓу нив и неговата поранешна сопруга Деми Мур со која има одлични пријателски односи.

извор:GLOSSY
фото:instagram

Најважно ѝ е тој да е здрав и да ја придружува до олтарот: Ќерката на Брус Вилис ги забрза плановите за венчавката


„Зошто сум јас овде?!“ Потресни детали за состојбата на Брус Вилис и тажен крај на една блескава кариера