Чоколаден колач со кокос, готов за половина час

Aко го сакате вкусот на кокосот, пробајте го овој одличен и здрав рецепт за десерт кој сите ќе го обожаваат. Готов ќе биде за половина час. 

Потребно ви е:

-шолја кокосово брашно

-три и пол лажички мед

-2 лажички кокосово масло

-половина лажичка екстракт од ванила

-прстофат сол

-половина шолја топено чоколада

-лажичка масло

Подготовка:

Во блендер измиксајте го кокосот, медот, кокосовото масло, екстрактот од ванила и солта.

Обликувајте чоколатки и ставете ги во замрзнувач. Стопете ја чоколадата. Валкајте ја смесата од кокос во чоколадото, па повторно ставете ги во замрзнувач, а потоа во фрижидер.