Ана Ивановиќ за време на бременоста изгледа како манекенка: Овој модел на фустан одлично стои на сите

Српската тенисерка Ана Ивановиќ уште еднаш ни одржа модна лекција

Ана Ивановиќ максимално ужива во бременоста и едно е сигурно, а тоа е дека блеска! Иако нејзиниот стил отсекогаш бил препознатлив и префинет, сега не‘ изненади бидејќи нејзиниот стил е совршен дури и во нејзината поодмината бременост!

Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија која предизвика само позитивни коментари.


Имено, она што најмногу привлече внимание е нејзиниот совршен кафен фустан.

Фустанот е долг, елегантен крој, кој одлично одговара на сите типови на тело. Ова е огромен плус, бидејќи самиот крој е многу интересен.

Неутралната кафена боја е специфична за овој временски период, па фустанот го искомбинирала со црни чизми кои имаат мала платформа.


Фото: Инстаграм - Ана Ивановиќ

Убави вести од домот на Швајнштајгер: Откриен полот на третото дете на Ана Ивановиќ и Бастијан