8 користени работи кои секогаш можете да ги купите за пониски цени

Трендот за купување на користени работи е во постојан пораст. Тоа е така бидејќи расте свесноста за придобивките. Како прво, тоа е супер начин да се заштедат пари, да се заштити животната средина а исто така и да се намали бројот на предмети што завршуваат во отпад. 

Најголемиот огласник во земјава, Pazar3, Ви дава неколку практични совети за да заштедите пари со купување на користени предмети онлајн. 

1/8 Дизајнерска и брендирана облека 

Брендираната облека секогаш има повисоки цени. Купување на нови парчиња брендирана облека би било одлично, но купување на истата облека од втора рака би било уште поубава варијанта, имајќи во предвид дека истата облека што е користена ќе има пониска цена.

 2/8 Порцелански сет 

Порцеланот е нешто што можете да го најдете како користен а не оштетен. Наместо да купите цел сет, можете да најдете парчиња порцелан кои навистина Ви се потребни. Или, можете да најдете стари а добри парчиња порцелан, кои ќе додадат посебно значење на Вашата трпеза. 

3/8 Алати 

Новите и квалитетни алати се скапи. Но, алтернатива е да се купат користени кои се доста квалитетни а и евтини.

4/8 Метални садови за готвење 

Бидете вистинска домаќинка и опремете ја Вашата кујна со корисни а воедно и квалитетни садови за готвење со многу пониски цени. Наместо да купите нови, одберете ја опцијата да купите користени а зачувани садови за готвење.

5/8 Мебел

Доколку сакате да купите модерен мебел или парче антика, најдобар начин е да се купат користени. Некои од нив се и многу малку користени, што би биле одлична замена за Вашиот дом да добие нов изглед. 

6/8 Велосипеди, скии и друга скапа спортска опрема 

Доколку сте семејство со мали деца, идеално решение би било да се купат користени велосипеди, скии и сл. Децата брзо растат и предметите ги користат само неколку години. Наместо да купите нови, заштедата е голема при купување на стари работи.

 7/8 Растенија 

Голем дел од луѓето не замислуваат, но купување на растенија од втора рака би било идеално решение. Наместо да потрошите цело богатство за идеално уредување на Вашата градина, размислете за решението да ги купите од втора рака. 

8/8 Опрема за вежбање 

Вежбањето во домашни услови е идеално. Купете ја опремата како користена. А со заштедените средства можете да си купите нова гардероба, се разбира за еден број помала, после видливите ефекти од вежбањето.