ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов „Не кани ме“ (Миле Кузмановски) Балада на Орце Лазаров која во една прилика беше прогласена и за фолк-хит на деценијата. Ја создал од срце, искрено и без претензии дека мора да направи хит. - Во тој период се случи несреќата со Владимир Неашмиќ-Бато и во меѓувреме комплетно заборавив на песната која сè уште немаше текст. Миле Кузмановски подоцна ја „пронајде“ кај мене на едно заедничко преслушување-раскажа Лазаров. Автор на стиховите е Борче Нечовски кој се инспирирал за време на „Фолк-фест Валандово“, на една од прочуените пост-фестивалски забави во дојранската кафеана „Фук Так“. - Не сакам да откривам детали бидејќи се работи за вистинска, но премногу чувствителна приказна. Во прашање се семејни релации и доколку кажам повеќе, може само да им наштетам на одредени луѓе – објасни Нечовски во едно интервју. https://www.youtube.com/watch?v=3TTF0PIB5qY