Зошто сите ги коментираат фотките на Синди Крафорд на улица: Погледнете, поради еден детаљ ја обожува цел свет

Последните фотографии на Синди Крафорд докажуваат зошто луѓето ширум светот ја обожаваат...

Во 1990-тите шеташе по модните писти, беше една од најубавите супермодели, а денес не е ништо поразлично. Синди Крафорд во шестата деценија плени со убавина во сите изданија, без разлика дали се гламурозни или лежерни. Овој пат познатата манекенка е фотографирана на Беверли Хилс, додека одела во фризерски салон. Кога фотографиите се појавија на интернет привлекоа големо внимание.

Сите го коментираат истото, а тоа е дека Синди Крафорд се облекува како и секоја друга жена. Затоа е кралица на модниот стил, истакнуваат многумина. Не се труди да изгледа помладо, не носи модни парчиња кои другите можеби ќе ги опишат како „несоодветни за нејзините години“, а секогаш е добро облечена и елегантна.


Овој пат таа носеше поширок модел на панталони и обична памучна маичка. Со едноставна модна комбинација спои шал, тексас јакна и папучи. Синди обично сака да носи фармерки и речиси секогаш ги комбинира со едноставни топови како маица или кошула. Таа има илјадници комплименти на интернет, а својот изглед го должи на дисциплината, редовното вежбање и исхраната.

View this post on Instagram

A post shared by Sita (@maison_sita)





Насловно фото: ЕПА