Кејт Мидлтон објави фотка која ја чекаше цел свет: Eве што порача принцезата

Кејт Мидлтон денеска на својата официјална страница на Инстаграм објави роденденска слика на принцот Луис, кој наполни шест години, а самата го фотографира својот син, што е потенцирано под фотографијата. 

Претходните години, принцезата од Велс ја следеше традицијата да објавува слики од своите деца, денешниот славеник, Шарлот и Џорџ, за нивните родендени. Јавноста утрово беше разочарана бидејќи немаше славенички портрет, но традицијата сепак е испочитувана.

„Среќен 6-ти роденден, принц Луис! Ви благодариме за сите убави желби денес“, стои во описот на сликата на профилот на принцезата и принцот од Велс, а јасно се посочува дека Кејт Мидлтон го фотографирала својот син.



Сите го чекаа овој момент. Малиот принц плени со насмевка на нова фотографија. Мама Кејт се потруди овој важен ден да остане трајно забележан.

Претходните години утрото се објавуваа роденденски слики, но за неколку часа дојде до пресврт, а голем дел од јавноста се сомневаше дека традицијата ќе продолжи.

Извор минатиот месец изјави дека семејството планира да ја објави сликата во чест на роденденот на принцот Луис, но не прецизираше дали тоа е цврста одлука. Одредено сомнение дека тоа нема да се случи го создаде скандалот со фотографијата што Кенсингтонската палата ја објави на Денот на мајката (10 март). На таа слика се принцезата и децата, Шарлот, Џорџ Луис.

Кејт признала дека ја уредувала сликата, што само ги засилило теориите на заговор кои кружеа претходно и кои ја следеа откако се дозна дека била оперирана во Лондон на 16 јануари (голема операција на абдоменот). На 22 март, принцезата објави дека има рак, па гласините во голема мера згаснаа.

И покрај скандалот, принцезата сега повторно е зад објективот.

Кејт Мидлтон ги помина велигденските празници со децата и принцот Вилијам во Норфолк, кој се врати на обврските на 18 јануари, ден откако децата се вратија на училиште.

Принцот Луис последен пат беше виден во јавноста на 25 декември во Сандригам. Пред тоа, тој беше со семејството на годишниот концерт во Вестминстерската опатија организиран од Кејт Мидлтон. Неколку недели пред тој свечен настан, принцезата ги однела своите деца Луис, Шарлот и Џорџ да волонтираат во Британската банка за бебиња каде што учествувале во подготовката на пакетите за деца.