Никол Кидман првпат му ги покажа на светот своите ќерки: Актерката прошета на црвениот тепих со нив, не се знае која е поубава

Во саботата Никол Кидман се појави на престижните AFI Lifetime Achievement Awards, на кои таа беше победничка. Актерката доби награда за животно длео. Познатата актерка се прошета на црвениот тепих во Лос Анџелес рака под рака со својот сопруг Кит Урбан, а на овој голем настан на парот им се придружија и нивните ќерки Сандеј Роуз (15) и Фејт Маргарет (13).

Бидејќи Никол Кидман и Кит никогаш во јавност не ги покажале своите ќерки, ова беше големо изненадување и единствена можност за јавноста да види како изгледаат тинејџерките.

Убавата 56-годишна Кидман блескаше во златен, светкав фустан на Баленсијага, додека Сандеј и Фејт беа малку поедноставни и покласично стилизирани. И двете избрале тоалети во црвени бои, а тоа се креации со потпис на дизајнерката Моник Лулија.

Постарата Сандеј избрла фустан во потемна црвена нијанса со корсетиран горен дел и лелеаво сатенско здолниште, додека помладата Фејт блескаше во портокалово-црвен фустан кој ја следеше линијата на телото до колена. И двете тинејџерки имаат долга, кафена коса и сини очи и личат на нивниот татко.

Кит и Никол се во среќен брак од 2006 година, а двете ќерки ги добија со помош на сурогат мајка. За време на процесот на сурогат мајчинството, експертите создаваат ембрион со оплодување на јајце клетките на жената која ќе биде мајка или јајце клетките на донаторот и спермата на мажот кој ќе биде татко или спермата на донаторот. Оттука и фактот дека девојките изгледаат и се чувствуваат како нивните родители.

Холивудската дива од претходниот брак со Том Круз има и две посвоени деца - ќерката Изабела (31) и синот Конор (29), но тие избраа да се оградат од мајка си по разводот, најверојатно поради влијанието на црквата на скиентологијата, чии следбеници се, пишуваат светските медиуми.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs