Животот на турската актерка го одбележа афера со нејзиниот свекор: Сопругот сакал да ја изненади, па затекнал глетка која го шокирала

Сите се заљубија во неа во серијата „Кога лисјата паѓаат“, а нејзиниот љубовен живот го одбележа голем скандал.

Турската актерка Гокче Бахадир е една од познатите во кои се заљубивме во серијата „Кога лисјата паѓаат“, а кога ќе се земе предвид нејзиниот бурен љубовен живот, многу фанови не ѝ простуваат.

Гокче на почетокот на годината се омажи по втор пат, овој пат со музичарот Емир Ерсој, па токму нејзината венчавка ја покрена приказната за претходната венчавка и целиот скандал кој го одбележа нејзиниот прв брак.

View this post on Instagram

A post shared by (@gokce.bhdr)


Нејзиниот прв сопруг беше актерот Али Сунал, со кого се омажи во 2011 година, а нивниот брак заврши на грд начин една година подоцна.

- Се венчавме од голема љубов, но решивме да се разделиме бидејќи патиштата ни се разделија - изјави актерката тогаш.

Долго време се шпекулираше за причината за нивниот брз развод, а извори блиски до актерката излегоа во јавноста со скандалозни тврдења. Имено, Али наводно ја оставил Гокче кога ја нашол во кревет со татко му, кој е 30 години постар од неа.

View this post on Instagram

A post shared by (@gokce.bhdr)


-Покојниот Кемал беше голем заводник. Тие двајца започнале афера само неколку дена откако тој станал нејзин свекор. Помеѓу нив долго време постоела фатална привлечност, а не ги спречило тоа што е 30 години постар од неа и што е нејзин свекор – откри тогаш извор близок на актерката.

Наводно, Али бил на пат од кој одеднаш се вратил сакајќи да ја изненади сопругата. Глетката што ја затекнал, во најмала рака го шокирала. Гокче и нејзиниот свекор, татко на Али, биле голи и гледале телевизија.

По разводот Али ја запознал Назли Курбанзаде, со која е во брак од 2018 година и ја имаат ќерката Нарин.

View this post on Instagram

A post shared by Ali Sunal (@alisunal)


извор:GLOSSY

Најубавата турска актерка со години била силувана од сопствениот татко: Мајка ми не ми веруваше, едвај го преживеав детството

Шехерезад воодушевува со новиот изглед: Не остана имуна на најновиот тренд за 2022