„Заспа, а потоа слушнав силен плач“: Бебе за малку ќе останеше без прст поради играчка- мајка предупредува

Една мајка ја сподели ситуацијата во која се нашла со своето бебе, а потоа ги сподели сликите за да ги предупреди сите родители на мали деца.

Мајка од Англија сакала да ги предупреди сите родители за ситуацијата која ја доживеала со својата деветмесечна ќерка, а за се е виновна играчка која родителите често ја чуваат во креветчето на бебето.

Нејзиното бебе успеало да му го заплетка прстот во висечката играчка над креветот, а мајката тврди дека е чудо што не го изгубила прстот.

„Околу половина час откако го заспав бебето, отидов да се истуширам и слушнав плачење. Кога отидов да проверам што се случува, таа имаше конец од висечката играчка завиткана околу прстот. Беше толку цврсто затегнато што мислев дека ќе го изгуби прст. Се намачив дури да го отплеткам“, сподели мајката на својот Фејсбук профил.



Таа додаде и фотографии од моментот, надевајќи се дека ќе ги предупреди другите родители да размислат двапати пред да закачат ваква играчка над креветчето на нивните деца, без разлика колку е смирувачка.

„Бидете внимателни или изберете опции со подебели жици. Нашата играчка сега е во канта“, додаде таа.

Синдром на заплеткано влакно

Да потсетиме, вакви ситуации често се случуваат и со влакната на мали бебиња. Ова се нарекува „синдром на заплеткано влакно“. Во тие ситуации, дотурот на крв на прстот престанува, а тоа не се открива лесно. Доколку родителите не реагираат навреме, бебето може да остане без прст.

„Тоа се случува кога прамен од косата се обвиткува околу телото. Најчесто се случува на прстите на рацете или нозете, но може да се случи и на гениталиите. Најчесто е кај новороденчињата и децата под 6 месеци. Најчесто се јавува на прстите на нозете а во повеќето ситуации не е потребна операција“, забележуваат педијатрите.



(Извор: Јумама)

ФОТО: PRINTSKRIN, FACEBOOK/TEIGAN M CAMPBELL