Зачнати пред 30 години, родени пред три месеци: Близнаците од замрзнати ембриони

Лидија и Тимоти Риџгвеј се родени од ембриони кои биле замрзнати кога Џорџ Буш постариот бил претседател на САД, а Џон Мејџор бил британски премиер.

Ембрионите првично биле наменети за анонимна двојка и биле складирани во посебна лабораторија под посебни услови пред да бидат донирани во националниот центар во 2007 година, објави Си-Ен-Ен.

Филип Риџгвеј, таткото на близнаците, имал пет години кога биле создадени ембрионите, па вели: 

„Има нешто неверојатно во сето ова. Имав пет години кога Бог им даде живот на Лидија и Тимоти, и оттогаш тој го чува тие животи. Во извесна смисла, тие се нашите најстари деца, иако тие се нашите најмали деца“.

Донаторот на јајце клетката во тоа време била 34-годишна жена, а таткото тогаш имал 50 години.

Филип и Рејчел Риџвеј имаат уште четири деца на возраст од две до осум години.

„Ова е нов рекорд во однос на ембриони кои биле најдолго замрзнати и резултирале со раѓање“, рече Марк Мелингер, од Националниот центар за донирање ембриони.


Моли Гибсон е родена во 2020 година од ембрион кој бил замрзнат 27 години, а пред тоа „рекордот го држела нејзината сестра“ која се родила од ембрион кој бил замрзнат цели 24 години.

Бебињата се родени во САД и гордите новопечени родители нивното раѓање го нарекоа „неверојатно, прекрасно“ искуство. Во Националниот центар за донација на ембриони сметаат дека тоа се ембрионите кои најдолго биле замрзнати, а кои резултирале со живородени деца.

Извор: пензионисани.рс

Фото: Шатерсток