Во среќен брак се 45 години: Си реков „Боже, не можам да ја пуштам оваа жена“

Иако љубовта меѓу нив веднаш се разгорела, бракот следел дури две години подоцна, откако таа му поставила ултиматум - или ќе се венчаат и ќе основаат семејство или ќе се разделат

Актерската двојка Џеф Бриџис (73) и Сузан Гестон (69) се во брак 45 години и се доказ дека вистинската љубов постои. И денеска кога ќе се погледнат им се појавува искра во очите. Се сеќаваат како се запознале како да било вчера.

Џеф призна дека во паричникот носи фотографија од неа која е направена кога се запознале. Тоа било во 1975 година во градот Рајската долина, Монтана. Сузан работела како келнерка за да плати за факултет. Тој таму снимал сцени за филмот Ранчо Делукс, а првпат ја видел додека работела. Тој рекол дека мора да ја покани на состанок. 

- Знаев дека сум лудо заљубен во жена ми штом ја видов - се присети и додаде дека ја замолил да излезат заедно, но таа брзо рекла 'Не'.

За среќа, неколку ноќи подоцна случајно налетале еден на друг. Танцувале цела ноќ и ’кликнале’. Тие оттогаш станале неразделни. Откако Џеф завршил со снимањето таму, Сузан отишла да живее со него во Калифорнија без многу размислување. 

Иако љубовта меѓу нив веднаш се разгорела, бракот следел дури две години подоцна, откако таа му поставила ултиматум - или ќе се венчаат и ќе основаат семејство или ќе се разделат. Џеф признал дека малку се плашел од посветеноста, но кога видел дека ќе ја изгуби љубовта на животот решил да ја запроси.

- Си реков ’Боже, не можам да ја пуштам оваа жена’. Се гледав себеси како старец кој размислува за таа девојка од Монтана и постојано се прашува себеси „Човеку, зошто не се оженив? - изјави тој. 

Тој ја запросил во 1977 година, а пет дена потоа се венчале.

– Пред брак мислите дека сите врати ќе се затворат по вашата венчавка, но вистинската вистина е дека отворањето на нови врати на бракот води до коридор обложен со други големи врати – деца, подлабока интимност, авантури и се‘ останато – додаде тој.

По 45 години брак, овој одличен пар има три ќерки и една внука. Заедно работеа на околу 50 филмови. 

Велат дека нивниот брак секоја година е се‘ подобар и подобар. Имало кавги и несогласувања, но тие успеале да ги надминат, а тоа довело до сè поцврста врска. Тие забележуваат дека комуникацијата е многу важна и дека отворено зборуваат за она што им пречи - и на начин да не се прекинуваат додека зборуваат за тоа.

Џеф го коментираше многу честото распаѓање на љубовните врски во Холивуд.

- Ако менувате партнери секогаш кога работите стануваат тешки или сте малку несреќни, тогаш не го добивате богатството што е достапно во долготрајните врски. Мојата сопруга ме поддржува, а тоа ме тера да ја сакам уште повеќе – рекол тој, пренесува People.


Фото: Youtube - screnshoot/pinterest

Извор: 24сата