Во морето на нејзини капути, овој е најубавиот досега: Ана Ивановиќ има брилијантен модел кој ќе ве освои (ФОТО)

Поранешната тенисерка обожава класични капути, а сега одбра многу практичен и шик модел кој може да се носи до пролет.

Српската тенисерка Ана Ивановиќ е позната по својот многу елегантен и ненаметлив стил, а најчесто избира модни комбинации чија главна „ѕвезда“ е ефектно стејтмент парче.



И тоа е главно едноставно и безвременско, а во случајот на Ана во зимската сезона најмногу се застапени капутите.


Оваа зима ја видовме во различни комбинации на ова доверливо парче, а сега спортистката позираше во божествен модел. Таа избра, имено, бел капут со директен крој, кој ги истакнува рамениците и има долги и впечатливи ревери со засеци.

Благодарение на црните копчиња на дворедно закопчување, постигнат е силен контраст кој привлекува внимание и го прави овој модел уште поелегантен, а Ана го искомбинира со полна ролка и зимска капа.


ФОТО: Инстаграм принтскрин