Во 90-тите беше најпопуларната пејачка на овие простори: Се разведе, се предаде на алкохолот, а потоа се прероди

Таа вели дека е благодарна за посетата на Индија, благодарение на која „се симнала на земја“ и сфатила дека „не е ништо посебно“

Ивана Банфиќ, која сите ја паметиме најмногу по хит-дуетот „Godinama“ кој го сними со Дино Мерлин, денес живее далеку од рефлекторите и студиото. Покрај провокативните и впечатливи текстови, оваа пејачка естрадата од 90-тите ја одбележа и со досега невидена естетика и оригинален визуелен идентитет на сцената, а ни критиките од јавноста не ја спречија дополнително да ги помести границите.


На врвот на кариерата, кога веќе беше крунисана како кралица на „кро денс“, Ивана се омажи за менаџерот Роберт Магиќ. По 12 години брак, следеше развод, а тоа беше тежок период за Ивана, бидејќи боледуваше од алкохолизам.

Ивана во тој период се одлучила за два пата - лекување од зависности и Индија и би се рекло дека од двата пата се вратила излечена. Индија ја искористи сета своја магија која имаше влијание врз Ивана, па пејачката од патувањето се вратила препородена.


„Таму се случи мојот личен раст - таа земја целосно ми го уништи егото на расипана ѕвезда во која полека се претворав - патувањето низ Индија ме спушти на Земјата, сфатив дека не сум ништо посебно, дека не сум дива...

Добив и научив толку многу, пред се‘ дека може и треба да чекорите низ животот со насмевка на лицето и позитивен став. Ова денес добро ми е познато - јас, која секогаш отворено зборував за естетски зафати, ги зголемував градите и ги отстранував силиконите, сега можам само да му кажам на сопственото тело „прости ми за се‘ што ти направив“, со заклучок дека нешто вакво нема да се повтори. Кога ја прифаќате сопствената негативност и маани, го избирате патот на вистината и имате отворено срце полно со љубов кон себе и кон другите, полесно е да живеете без страв“, рече во една прилика Банфиќ за Јуитарњи. 


Ивана денеска е среќна и повторно се омажи, а со сопругот Круно Ладишиќ, кој во Индија ја запроси, во декември отпатува на ова магично место за неа.

Тие тајно се венчале и сакале да станат родители, но следел тежок период. Првата бременост на Ивана која со години копнееше по дете не помина најдобро. Таа имаше спонтан абортус.


„Беше тажно, болно прифаќање на сето тоа, но јас сум борец и прифатив се‘ што се случи. Плачевме, отидовме на аџилак во Марија Бистрица. Пешачевме 64 километри и таму запалив свеќа за таа мала душа во молитва да најде мир“, изјави еднаш Ивана за „Hello“.

Среќата набрзо пристигнала во ликот на нејзиниот син Јан.

„Се соочив со втора бременост, а потоа многу се плашев да не се повтори истото сценарио. Но, еве го, фала богу, жив е, здрав, среќен и весел. Среќна сум и благодарна за овој голем подарок. “ рече таа тогаш.

View this post on Instagram

A post shared by Ivana Banfić I Bee (@ivana_banfic_ibee)


Додека била во Индија, таа донела важна одлука да стане веган.

„На прошетка и разговор со млад бивол. Кравите се слободни и живеат во природа. Тие се мирни и миленичиња. Тие се толку нежни и мирни. Тотално различни од нашите несреќни затворени во штали. Со многу тажни очи. Бев присутна кога млад пар се расправаше и тој ѝ викна нешто.. во близина се најде крава и таа нежно му пријде на младичот и го оттурна од себе како да го опоменуваше да не го прави тоа. Парот се насмеа на тоа и расправијата престана. Заминаа прегрнати. Нешто ми светна и решив да престанам да јадам говедско, свинско и други цицачи. Бев длабоко импресионирана од тој настан“, напишала Ивана под фотографијата.

Пејачката сега многу време поминува во зеленило, собира тревки, прави козметика и се занимава со земјоделски работи.

Минатата година Ивана решила да си најде нов извор на приходи. Готвењето и блогирањето стануваат сè попопуларни ширум светот, па таа решила да направи шоу за готвење, на кое се посвети во следните месеци.



Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм

Извор: стилкурир