ВИРУСНИТЕ ИНФЕКЦИИ ГИ ИСПРАЗНИЈА УЧИЛНИЦИТЕ: Виновникот не е короната

Последните денови здравствените домови во Србија бележат пораст на заразите кај децата, но лекарите, пак, сметаат дека состојбата не е алармантна и дека се е нормално за овој период од годината.

Како што велат, најчести се стомачните инфекции, но и инфекциите на дишните органи, во кои не спаѓа корона вирусот. Ковид е секако можен кај децата, но сега други вирусни инфекции се почести.

Според достапните податоци, бројот на деца со акутни респираторни проблеми во Белград е зголемен за околу 30 отсто во однос на претходната недела. Како што евидентира Градскиот институт за јавно здравје, од 29 август до 4 септември се регистрирани 6.723 пациенти со акутни респираторни инфекции. Кај децата на училишна возраст од пет до 19 години регистрирани се 1.872 заболени. Во периодот од 5 до 9 септември регистрирани се 9.560 пациенти со акутни респираторни инфекции, додека кај децата на училишна возраст имало 3.538 заболени. Повеќе на Фактор.мк


Фото: unsplash