(ВИДЕО) Ученици се изживуваат со наставничка и снимаат сѐ: Страшни сцени во училиштето во Србија

Во Техничкото училиште во Трстеник , Србија имало инцидент во кој учествувале тројца ученици и еден наставник. На социјалните мрежи е објавено видео од непримерниот настан, во кое многумина го осудуваат однесувањето на ученикот.

Учениците ја снимиле професорката додека ја малтретирале. На видеото се гледа како ученик се расправа со наставничката додека друг приоѓа одзади и ѝ го одзема столчето.

Професорката падна на подот, а сите ученици се смеат.

Сето тоа го снимиле и потоа го објавиле на интернет со очигледна цел да се исмеваат, но наместо пофалби од врсниците, добиле осуда и покренале дисциплинска постапка против нив на училиште.

Деталите читајте ги на Фактор тука.