Вдовица на 29 години: Она што го дозна за нејзиниот покоен сопруг ѝ го уништи животот

Ова допира повеќе од било што ...

Чувствувам паника и ладна пот ме облева. Пискав глас ги менува шумовите кои допираат во моите уши, додека го гледам  лутото лице на најдобриот пријател на мојот покоен сопруг.

Јас разбирам дека тој е лут и револтиран затоа што поминаа само седум месеци откако мојот сопруг почина, а еве сум во кафуле со момче и друштво кое се забавува.

Статусот „Комплицирано“ на „Фејсбук“ не може ни да објасни што ми се случува последниве месеци.

Јас не сум традиционална вдовица. За почеток, млада сум - имам 29 години. И мојата тага не е предизвикана од загуба, туку од лутина и предавство.

Кога Марко почина, седум месеци порано, нашиот брак веќе беше во неволја. Всушност, никогаш не требаше да се согласам со неговиот предлог да се венчаме, но што е тука е?

Веќе размислував за брачна терапија и знаев во себе дека нема да ја надминеме оваа бура.

Марк минатата година загина во нуркачка несреќа. Иронијата е дека тој беше најпочитуваниот професионалец во историјата на нуркање. Имаше само 30 години.

Сите вдовици споделуваат одредени искуства. Спомен за денот кога тие се венчале, првите денови по свадбата ... Луѓето се менуваат, деновите поминуваат, автоматското бирање на добро познатиот број ... Овие несвесни постапки се најлоши, тие ве погодуваат повеќе од било што друго.

Сепак, првиот удар го добив веднаш по смртта на Марк. На крајот на бракот, без разлика дали тоа е поради смрт или развод, тајните лебдат на површината, колку и да е лошо, сакаме да останат скриени.

Луѓето секогаш сакаат да знаат како дознав ... Во мојот случај, беа потребни шест недели.

Шест недели чувство на срам, тага и одговорност за смртта на Марк. Тагата со која се соочив заради расветлување на сомнежот во нашиот брак. Бидејќи во коските чувствував дека нешто не е во ред од почеток. Шест недели размислување за тоа дали конечно нè оставиле брачните проблеми ... Шест седмици се чувствував виновна за олеснувањето затоа што бев поштедена од пеколот развод, сè додека на крајот Марко не ја плати цената.

Еве ја и грдата тајна: Марко ме изневерувал уште од кога излеговме за прв пат, уште од првиот бакнеж. Излегувавме; тој ме изневеруваше. Се веривме; тој излегуваше. Се венчавме; тој продолжи да се забавува. Се‘ без мое знаење. Додека еден пријател не ми се јави и ме праша: Дали сакаш да дознаеш нешто многу лошо во врска со Марк?

Одговорив без двоумење. И тогаш тој ми рече.

Почнав темелно да ги проверувам неговите телефонски повици. Почнав да ги склопувам коцките во главата со пополнување на празните места со новооткриени пораки и слики од мобилниот телефон. СМС пораки кои беа примени среде ноќ, а потоа се избришани. Мојот терапевт ја нарече мојата тага „комплицирана“. Бев бесна, со гнев ја ранев целата тага поради неговата смрт.

Откривањето на секоја нова жена во неговиот живот ме натера да користам пцовки и да плачам. Мојот живот личеше на шпанска серија: Мажот ја изневерува жената; сопругот умира; жената е принудена да се соочи со реалноста за неговите многу љубовници.

Меѓутоа, колку и да бев лута, не можев да поминам преку изреката, „Се најдобро за мртвите!“

Од почит кон неговото семејство, во комбинација со мојата тага, решив да ја кажам вистината само на моите најблиски.

Таа тишина им даде шанса на многумина да го држат Марк на престолот, додека сето тоа ме јадеше одвнатре.

Со денови знаев да лежам во затемнетен стан, повраќајќи го секој залак што се обидов да го проголтам.

Но, времето помина. Јас собрав делови од мојот живот и еве сега сум на кафе, со моето ново момче, обидувајќи се да живеам ...

Во другиот агол на кафулето, седи пијаниот другар на Марк, Том, кој бесногледа во младата вдовица „која се забавува“.

Сакајќи да избегнам скандал, нежно му кажувам на моето момче дека треба да одам и која е причината. Тој ми ја зема раката и ние успешно излегуваме. Крвавиот поглед на Том сè уште ми го горе грбот.

Додека шетам по улиците, не можам да не ги чувствувам болките на совеста, срамот, стравот и вознемиреноста, а јас сум слободна жена.

Никој нема рецепт како да го продолжите животот кога вашиот сопруг умира и вие сепак сте млади и пред вас имате цел живот.

Една мисла не ми дава мир: Како можел Марк, имајќи ме мене, да шета по улиците држејќи за рака некоја сосема друга жена,  додека јас го чекав дома? Нели тој се чувствува виновен? Срамота?