Утринско кафе со Нина Славковска: Музиката е мојот рецепт за весел почеток на денот

Секое утро ми започнува со музика. Тоа е мојот рецепт за убав и весел почеток. Што се однесува до кафето... Не сум голем љубител на кофеинот, но го консумирам исклучиво во утрински шејкови. Многу е вкусно. 





Ме мотивира помислата дека и ова утро имам шанса да бидам уште подобар човек. 

Кои се моите дневни планови и обврски? Исто е, ама и не е исто. Но, како и секој работен ден, се подготвува новото издание на „Ексклузив". Не го пропуштајте и денеска во 18:15 часот на 1ТВ. 

Три пати во неделата, денот ми завршува со танц, некогаш со книга, но тука се подразбира и топлата прегратка на саканите.

Сакам да поминувам време листајќи страни, но истовремено се случува да погледнам и некој филм кој е моментално актуелен по кино салите. Ако треба да одберам, тогаш книга.

(Николина Славковска- водител и новинар)