Тој е „касичка за пари“ и има доверба во мене: Јелена Карлеуша откри каков однос имаат ќерките со татко им, Душко Тошиќ

Карлеуша за првпат по разводот зборуваше за Душко и овој пат откри непознати приватни детали од животот со фудбалерот Душко Тошиќ и нивните ќерки Атина и Ника.

Јелена Карлеуша деновиве доста разговараше со новинарите на многу теми, а од интервјуто кое го даде за порталот Еспресо го извлекуваме делот во кој зборуваше за приватни детали од нивното семејство.

Врската помеѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ извесно време редовно ги полнеше насловите во весниците, па не чуди што едно од прашањата отиде во таа насока. И за нивната врска, и за воспитувањето на нивните две ќерки Атина и Ника.

- Душко е како секој татко, касичка за девојчињата. Сериозните разговори ги водат со мене. Иако и тој се труди максимално да разговара со нив. Морам да го пофалам Душко што никогаш не се спротивставил на ниту една моја воспитна одлука кон децата – изјави Карлеуша за порталот Еспресо.

Како што вели, Душко секогаш знае дека Јелена ќе направи се за да биде се како што треба кога станува збор за воспитувањето на нивните две девојчиња.

- Душко има доверба во мене и знае дека ќе дадам се за нив. Но, кога се носат важни одлуки, како нивното воспитување и образование... вели: „Ако мама рече така, ќе биде така“. Тој не се меша и му благодарам за тоа - искрено објасни Јелена.


извор:GLOSSY

Од глава до пети - BALENSIAGA, но чантата е нешто посебно: Модниот избор на Јелена Карлеуша, од кој може да учи половина естрада

Карлеуша издоминира на црвениот тепих и призна: „Ги користам моето име и популарност за да добијам нешто“