„Тоа не е работа која ја барав, а дури не е ниту платена“: Која е Ирина, сопругата на чилеанскиот претседател која официјално одби да биде прва дама

Титулата прва дама е посебна чест за многу жени, меѓутоа, на младата избраница на чилеанскиот претседател тоа посебно ѝ пречи.

Значи, Ирина Караманос, партнерката на чилеанскиот претседател со хрватско потекло, Габриел Бориќ, повеќе не сака да ја носи титулата прва дама и најави дека ќе се повлече од таа функција со образложение дека „тоа не е работата што ја барала, ниту пак верува дека таква работа воопшто би требало да постои“.

Ирина Караманос (33) течно зборува четири странски јазици, студирала два и има дипломи по образовни науки и антропологија на германскиот универзитет во Хајделберг.

Таа е ќерка на имигранти, мајка од Уругвај со германско потекло и татко Грк, кој починал кога имала осум години, а особено нагласува дека „не е личност која своите планови и кариера би ги потчинила на маж“.



„Работата на првата дама е напорна и вклучува работа со полно работно време, а за тоа нема плата. Тоа што го работам веќе не е важно, сè што знаат за мене е дека јас сум партнер на претседателот“, рече таа објави The Independent.

Ирина се противеше на титулата прва дама од моментот кога 35-годишниот Бориќ беше избран за претседател, во декември минатата година. Отпрвин, таа неволно се согласи да биде прва дама, но во месеците што следеа тивко ја преиспита улогата.

Таа планираше да ги префрли сите свои должности - водење на шест фондации, надгледување на мрежа од градинки, научни музеи и организации за развој на жени - на министерствата за кои веруваше дека ќе бидат подобро раководени, и на крајот да ја затвори нејзината канцеларија. Таа се надеваше дека тоа ќе ја преобликува улогата на сопругата на претседателот, не само во Чиле, туку и во целиот свет.

Сепак, прво мораше да го убеди народот и владата дека нејзиниот план не е радикален и дека новите генерации треба да ја променат традицијата и бирократијата. Целта беше нејзините промени да ја надживеат. Меѓутоа, кога почна да им се јавува на министри и членови на фондацијата, никој не сакаше да и одговори.



Членовите на фондацијата се спротивставија на идејата, а детскиот оркестар не сакаше да го изгуби престижот што им го носи раководството на првата дама.

„Позицијата на прва дама не кажува ништо за мене како личност. Никој не зборува за моите вештини, дипломи или искуство, туку се грижи само за титулата“, рече таа.

Американски тренд

Кога дојде на власт, Бориќ стана најмладиот лидер во Латинска Америка, еден од неколкуте левичари кои сега ја преземаат власта во целиот регион, а Ирина Караманос е активистката за правата на жените која му помогна да победи на изборите.

Нашироко е познато дека концептот на прва дама е американски тренд, бидејќи Доли Медисон, сопругата на четвртиот претседател на САД, која помогна во опремувањето на Белата куќа и се занимаваше со социјалните прашања. Еленор Рузвелт и Џеки Кенеди ја унапредија оваа улога во очите на јавноста и создадоа очекувања дека првата дама мора да држи чекор со претседателот.



Сепак, Караманос не е првата која не сака да биде прва дама. Да се ​​потсетиме на Меланија Трамп, а тука е и Ени Малербе Госелин, сопругата на поранешниот претседател на Еквадор, Рафаел Кореа, која главно отсуствуваше. Во Мексико, Беатрис Гутиерез Мулиер, сопруга на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, продолжи да работи како универзитетски професор.

И историчарите велат дека Џил Бајден, која долго време предавала англиска литература на колеџот на заедницата во Северна Вирџинија, е првата дама на САД која имала платена работа надвор од Белата куќа додека нејзиниот сопруг бил претседател.

Ирина Караманос го исполни ветувањето

Но, ниту една од овие жени не ја преиспита својата улога додека беа на функција, како што се обидува да го направи Караманос, изјави Каролина Гереро, чилеански политиколог, за The Independent.

Историчарката од Универзитетот во Охајо, Кетрин Џелисон, вели дека таков обид во САД би бил „политичка бомба“.

На почетокот на октомври, по осум месеци избегнување на медиумите, Караманос се појави во јавноста и објави дека го исполнила ветувањето.

„Институционалната улога на првата дама каква што ја знаеме сега ќе заврши“, им рече таа на новинарите.



И по неколку недели, Ирина организираше состанок што водеше комисија од десетина луѓе кои гласаа за нејзиниот план да ги оддели нивната фондација и научниот музеј од канцеларијата на првата дама. Им објасни, најчесто на многу постари од неа, дека посоодветно би било да го води лице назначено од министерката за култура.

„Партнерот на претседателот избира само да му биде партнер, а не претседател на фондацијата“, рече таа во таа прилика. Одборот едногласно го одобри нејзиниот план, но многу Чилеанци не.



Популарноста на Бориќ падна на ниско ниво, неговиот рејтинг во една анкета беше само 27 отсто. Во септември, тој го доживеа најголемиот неуспех досега, кога гласачите го отфрлија неговиот предложен нов устав.


ФОТО: Инстаграм