Стил на денот: Нина Бадриќ во комбинација која секоја жена ја претвора во заводничка

FOTO: PRINTSCREEN/INSTAGRAM/BADRICH

Пејачката Нина Бадриќ во смел фустан кој не може секој да го носи.

Пејачката Нина Бадриќ е една од најбараните пејачки во регионот, позната по препознатливиот глас и секогаш елегантен изглед.

Нејзиниот стил би можеле да го опишеме како женствен, шик и префинет, а Нина секогаш ги инспирира девојките и жените со своите комбинации на облека да создаваат непогрешливи стилови со монохроматски класични парчиња.

View this post on Instagram

A post shared by Nina Badrić (@badrich)



Нина е многу активна на социјалните мрежи, па често нѐ воодушевува со некој нов стајлинг и служи како вечна мотивација да „помалку е секогаш повеќе“ и да се држиме до едноставноста во стилот.


Сепак, пејачката овој пат реши да „ризикува“ и да биде храбра во модните избори, па нѐ воодушеви со најновата креација што ја облече.

Таа неодамна се одлучи за црна како класична боја со која не можете да погрешите, па избра црн фустан.

Сепак, необичниот крој и предница е она што го направи овој фустан најнеобичниот што сме го виделе во последно време.

Нина Бадриќ носеше црн долг фустан со долги ракави, кој имаше директен крој во долниот дел и ја издолжуваше фигурата на пејачката.

Сепак, сите погледи ги украде горниот дел од комбинацијата, кој се состоеше од длабоко деколте и интересна работа во вид на големи црни ливчиња кои се граничат со сребрени детали.



Целата оваа изработка на ливчиња го сочинуваше горниот дел од фустанот и се ширеше на колковите што ја направи целата комбинација впечатлива, ефикасна и привлечна.

На овој начин Нина ја истакна својата линија, а со овој необичен фустан избра црни сандали со прерамки и црна чанта.

Пејачката со оваа комбинација реши да ја стилизира фризурата на страна во меки бранови, а што се однесува до шминката, се одлучи за тонови во нијанса на праска.

View this post on Instagram

A post shared by Nina Badrić (@badrich)



Сè на сè, Нина Бадриќ овој пат облече храбар фустан и повторно воодушеви. Оваа креација го истакна нејзиното деколте и завидната фигура, а деталите во форма на ливчиња рабени со сребрени детали му дадоа на овој фустан грациозност.