Стил на денот: Јелена Спенџарска го освои Солун со својата специфична црнобела комбинација

Водителката на утринската програма и инфлуенсерка Јелена Спенџарска пред Нова година откри кој е дечко ѝ и како се вика, а оттогаш постојано споделува фотографии од нивните заеднички мигови.

Така овој пат Јелена е на викенд кај своето момче во Солун, за каде избра специфична црнобела модна комбинација, која освојува од прва.

Сранува збор за интересен спој на неколку парчиња кои прават модна целина за вистинска пофалба. Кратко кожено фустанче во црна боја под кое носеше класична бела кошула искомбинирано со дезенирани хулахопки, како и бели чорапи со најтренчи чевлите изминативе сезони. Целиот стајлинг го заокружи со црн кожен мантил и тренди очила за сонце, како и накит.