Стил на денот: Данијела Мартиновиќ во шик деловна комбинација со акцент на високите потпетици

Пејачката Данијела Мартиновиќ покрај гласовните способности, е позната и по нејзиниот одличен стил.

Таа летово наполни 50 години, но не престанува да воодушевува кога се во прашање модните избори.

Денес ве инспирираме со нејзина деловна комбинација, која е многу елегантна и шик.
Кошулата со широки ракави и молив здолништето ги надополни со високи потпетици со дреч портокалова боја и широк ремен и со тоа го заокружи целиот изглед.