СТАН ИЛИ БИЗНИС: На што кумановци ги трошат парите oд Авганистан?

Парите од печалбата во Авганистан, кумановци најчесто ги трошат за купување на куќи и станови, автомобили, а поретко за почнување на бизнис.

Заработката од Авганистан им овозможува за релативно краток период да го решат прашањето со покрив над глава, нешто што од македонска плата за многумина е претешко.

„Мое мислење е дека луѓето прво се средуваат со куќа, стан, и она што е потребно за куќа и стан, а потоа следи купување на автомобил и тоа класа како Мерцедес на пример. Но, има и такви кои поседуваат бугарски пасоши, по што ќе купат шлепери, и ќе возат по Европа. Има и такви кои не сакаат овде да се вратат, со изговор дека нема работа, или што ќе прават со плата од 200 евра, и така остануваат по 10 или 15 години во Ирак и Авганистан“ - вели Синиша Д, кумановец кој работел во Авганистан за ФАКТОР.МК.