Совршен летен детокс од три ден: Ќе намалите 3 кг и ќе се исчистите од токсини

Време е за слабеење, летото доаѓа за три недели!

Напитоците за детоксикација, за слабеење или за чистење на организмот, се направени од лековити билки, овошје и зеленчук богати со антиоксиданси, кои ги исфрлаат токсините, ги чистат цревата и го стимулираат метаболизмот. Тие, пак, помагаат да се изгуби некој килограм.

Долгорочните ефекти на пијалоците за детоксикација за слабеење не се научно докажани, но експертите истакнуваат дека е безбедно да се пијат пијалоци за чистење на телото заедно со урамнотежена исхрана, со оглед на тоа што се направени од природни состојки.

Сок од краставица и лимон

Овој пијалок бара свежа краставица и неколку свежи лимони. Излупете ја краставицата и во соковник направете 750 мл сок од краставица. Исцедете неколку лимони за да добиете 250 мл сок од лимон. Измешајте ги двата сокови и ставете ги во стаклено шише или бокал. Овој сок најдобро се пие на празен стомак или 20 минути пред јадење.

Доколку не сте навикнати да пиете сокови, почнете да го применувате овој третман за чистење на телото со една чаша пијалок дневно. Нутриционистите потсетуваат дека соковите од овошје и зеленчук може да се мешаат со јогурт или сурутка, а секој сок може да се претвори во суперпијалок доколку во него се додаде една лажица масло од ленено семе богато со омега-3 масни киселини.

Напиток од мед, лимон и ѓумбир

За овој напиток да го исчисти организмот од вишокот маснотии и додадениот шеќер, потребно е:

-1/2 лимон

-една лажица мед

-1 см корен од ѓумбир

-чаша топла вода.

Загрејте во чаша вода, но не ја варете. Згмечете го, па испасирајте го исчистениот корен од ѓумбир.

Во чаша топла вода додадете сок од лимон, издробен ѓумбир и мед. Напитокот пијте го додека е уште топол, по можност наутро, пред јадење. Пиењето на оваа смеса наутро го олеснува чистењето на телото, а во текот на денот може да се чувствувате помалку надуени и поактивни. Овој пијалок исто така помага во зајакнување на метаболизмот на телото. Медот исто така може да помогне во потиснување на апетитот и да помогне во губење на тежината.

Сок од репка и нане

За овој ароматичен, освежителен напиток кој добро го чисти телото, потребно е:

-едно цвекло со средна големина

-грст листови од нане

-прстофат сол.


Foto: Youtube printscreen/Uradi Sama- Ideje za kreativce