Снаа прашува: Дали е неразумно да и забранувам на мојата свекрва да споделува слики од моето дете на Фејсбук?

„Се прашувам дали свекрвата ќе се грижи за приватноста на детето. Сопругот вели дека нема да ѝ се допадне забраната за објавување на сликите на детето на Фејсбук.'

Нормално е бабите да сакаат да се фалат со своите внуци. Но, нормално е и тоа што родителите не сакаат сликите од нивните деца да им бидат достапни на непознати луѓе. Што да се прави, праша една корисничка на Редит чија објава ја репродуцираме во целост.

„Сè уште не сум мајка, но за прв пат сум бремена. Го избришав Фејсбук во јули 2017 година бидејќи не ми се допадна Марк Цукерберг да ги поседува правата на моите објави и лични фотографии. Мојот сопруг има профил на Фејсбук бидејќи има бизнис и мора да биде достапен за да одговори на коментарите и поплаките на клиентите, но не објавува статуси и фотографии. И двајцата се согласуваме дека не сакаме фотографии од нашето дете на Фејсбук“.

„Мајка ми го избриша својот профил кога веќе не можеше да ме демне на Фејсбук, но неговата мајка споделува сè на Фејсбук. „Едвај чекам да го ставам на Фејсбук!“, рече таа веднаш штом и кажавме дека сум бремена. И да, таа го објави на Фејсбук, заедно со фотографија од мојот ултразвук со целото име, бројот на пациентот и болницата каде што бев на преглед. Ова го виделе повеќе од 500 луѓе кои не ги познавам“, се пожалила оваа снаа.

„Бабите и дедовците се далеку и сакам тие да бидат вклучени во животот на нивните внуци. Планирав да отворам група на апликација за пораки каде што ќе можам да испраќам фотографии од детето само на членовите на семејството. Но, се прашувам дали свекрвата ќе се грижи за приватноста на детето. Сопругот вели дека нема да и се допадне забраната за објавување на сликите на детето на Фејсбук. Мене тоа ми е лудо. Не дека нема да и ги дадам сликите на детето, но не сакам да ги споделува на социјалните мрежи со луѓе што не ги познавам, со кои одела на училиште и работела“.

„Дали сум неразумна ако ѝ забранам да објавува слики од детето на социјалните мрежи?

Извор: Моје вријеме.хр

Фото: Freepik