ШОПИНГ ЛУДИЛОТО GARAGE SALE ГО ПРЕПОЛНИ РАМСТОР МОЛ

Огромен број на посетители дојдоа на првиот ден  од Garage Sale во Рамстор Мол. Можноста да ги искористат први огромните попусти и да ја искористат први шансата да купуваат од големата и богата понуда на разни производи, направи Рамстор Мол да биде вистинско место за шопинг лудило.

Следејќи ги светските трендови и реалните распродажби, Рамстор Мол со својот Garage Sale во целост ги задоволи потребите на пазарот за купување на вистински попуст акциии направи настан кој секој од вас со нетрпение го очекува. Пораката „Правиме чистка, вадиме се надвор“ беше доволна мотивација за потрошувачите да го искористат своето време и да го поминат на шопинг во Рамстор Мол. Речиси и да немаше посетител кој со празни раце го напушти трговскиот центар.

Она што е за почит е дека секој посетител за релативно мал буџет може да направи голем шопинг и да купи буквално се што посакал.

Големите попусти продолжуваат и денес, а ќе траат сѐ до 11 февруари.

Од фотографиите во прилог погледнете како помина првиот ден од неверојатната распродажба во Рамстор Мол.